Копани исчистете ги од коска и малку чукајте ги со чеканче за месо. Подсолете, додадете мешан сув зачин, црн бибер и оставете на страна.
Меленото месо подсолете го.
Шунката исечете ја на ленти.
Печурките сварете ги и испржите.
Земете го месото од батак, ставете на него мелено,парчиња шунка и печурки завиткајте како ролатче и одма завиткајте во фолија да не се распадне.
Така направете со останато месо.
Завиткано месо ставете во тепсија додадете малку вода и зејтин и ставете да се печат. На крај одвиткајте го месото од фолија и ставете уште малку да се подпече без фолија.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови