Од копаните ја одделуваме кожата, пополека да не се скине до горната коска. Горна коска ја пресекуваме.
Месото го одделуваме од коска и сечеме на коцки. Ставимо на страна.
Кромидот и морковот ситно ги сечкаме, ги пржиме,  додаваме печурки и грашок и уште малце ги пржиме.
Испржените кромид, морков и печурки ги додаваме во пилешко месо сечено, се заедно промешуваме и ставиме сол, пипер, сув зеленчук и 1 јајце.
Со ова смеса ја полниме кожата од копаните.
Полнетите копани ги завиткуваме во фолија, ги редиме во тепсија, додаваме малку вода и зејтин,ставиме да се печат на 200 степени 40 минути.
При крај ги отвораме копани да се запечат убаво уште 15 минути.
Испечените копани ги вадиме од тепсија, ги сечеме на парчиња, ставиме во чинија и украсуваме.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани