Декоративни солени полжавчина кои може да си ги правите со вашите дечиња.
Рерната вклучете ја да се загрее на 200 степени.
Хартија за печење искинете ја со вода и истиштете ја. Ставете ја во плехче (35х27).
Во сад со жица иматете ги јајцата, додајте го пармезанот, магдоносот ситно исецкан и зачините по вкус. Истурете ги во плехот и ставете ги да се запечат околу 10-12 мин. Во печењето ќе се направат и меурчина по површината, но нема гајле, кога ке се извади од рерна ќе си спласнат.
Печената кајгана извадете ја од рерната и веднаш покријте ја со најлонска фолија и превртете ја, да биде со хартијата нагоре. Така оставете ја да олади.
Кога е оладена внимателно извадете ја хартијата.
Наредете ги прво парчињата кашкавал, но да бидат малку одалечени и од крајот на кајганата и помеѓу нив за да не се виткаат при виткањето на ролатот.
Одозгора над кашкавалот наредете ја и шунката. Колку парчина ќе ставите зависи од нивната големина.
Со помош на најлонската фолија цврсто завиткајте ролат и стегнете го со истата.
Ставете го во фрижидер да отстои 30-на минути.
Виршлите во тава со малку масло и на тивко пропржете ги но сосема малку колку да зацрврнат. Оставете ги да оладат и исечете ги дијагонално.
Краевите од ролатот израмнете ги и сечите парчина околу 2 цм (куќичката на полжавчината). Јас направив 8.
На секое парче од ролатчината ставајте по една виршла така што исечениот(косиот) дел да зафаќа под ролатчето (куќичката) и зацврстете ги со чепкалки.
На горниот дел од виршлата со помош на чепкалката направите дупчина и ставите по две тенки стапчина исечени од морковот како рокчиња.
За очите, столчете ги зрната бибер, со чепкалката направете дупчина и ставајте по две парченца, со помош на чепкалката.
Ете, ова беше мојата идеа за полжавчината, се надевам ќе ви се допаднат)).

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани