Стоплете ја водата и во неа ставете го шеќерот, малку брашно и квасецот и оставете да надојди.

Со останатите состојки, освен џимиринките замесете тесто. Ако се лепи на раце додадете уште малку брашно. Оставете го да нарасни.

Потоа, расучете го и премачкајте го со врела вода со помош на четче. Преклопете го тестото и пак премачкајте. Повторно преклопете.
Оставете го да одстои и во меѓувреме ситно исецкајте ги џимиринките.

Одстоеното тесто повторно развлечете го во кора и на истиот начин како со водата наросувајте од џимиринките и превиткувајте. И уште еднаш оставете го да одстои.

Расукајте кора со дебелина од околу 1 и пол см и со чаша вадете погачки. Редете ги во плех, премачкајте ги со жолчка и по желба со ноже засечете ги на неколку места. Посипете одозгора по малку крупна сол.
Печете на загреана рерна од 190 степени додека поруменат (одприлика 20 мин.)
Не се лоши и ладни, но најубави се кога се топли.

* Го напишав оригиналниот состав, но моја препорака е да ставите 200 гр маст.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани