Брашното се меша со солта, шеќерот и сувиот квасец.
Киселата вода се загрева и се меша со јогуртот да не биде ладен. Се замесува тесто и се остава да се одмори да стаса.
Од како ќе стаса во тепсијата во која ќе се печат лепчињата се истура зејтин колку да може лепчињата да се провалкаат низ зејтинот - околу 5-6 лажици.
Се зема од тестото колку пинг-понг топче, се расплескува во рака, се провалкува од сите страни во намастената тепсија и се редат во круг.
Од како ќе се наредат сите топчиња со ножици или нож се засекуваат на неколку места и се премачкуваат со премазот. Најгоре се става маргаринот насечен на потенки парчиња и од како ќе стасаат погачките се печат на 200степени додека зацрвенат,  а потоа уште 10 минути на 150.
Овие погачки-лепчиња имаат посебен вкус затоа што се прават со закиселен јогурт.
Значи кога ќе ви остане вишок кисело млеко кое веќе почнува да закиселува-да ферментира искористете го за овие погачки и ќе добите превкусни топли лепчиња, а и ќе го искористите закиселеното млеко или јогурт.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани