Се става квасецот со малку млеко и 3 лаж. брашно и 3 лаж. шеќер да стаса.
Потоа сето тоа се става во брашното и се додаваат јајцата, солта, оцетот, зејтинот останатото млеко, и се замесува мазно тесто.
Тестото се остава да нарасне уште еднаш.
Потоа се дели на два дела, а секој дел се дели на четири топчиња.
Секое топче се расукува и се премачкува со маргарин, освен последното.
И така ќе се добијат две кори.
Секоја кора се расукува во дебелина од 5 мм и се витка како ролат.
Потоа така свиткано се сече на парчиња, ама во дијагонала,( ќе се види од сликата како изгледа тоа).
Се редат во подмачкан плех и тоа во обратен правец.
Се премачкува со јајце и се посипува со сусам, или нешто друго по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови