Најпрво ставете го квасецот во млекото, шеќерот и неколку лажици брашно и откако ќе скисни, додајте го брашното, маргаринот и солта и замесете меко тесто. Оставете го на топло да се дуплира.
Тестото поделете го на 4 дела.
Земете некоја плитка чинија, со големина со која сакате и погачата да е голема. Секој дел од тестото расучете го малку поголем од чинијата. Премачкајте го со маргарин и ставете го на страна. Tака направете и со останатите делови од тестото и редете ги едно врз друго. Најгорниот дел не го премачкувајте. Ставете ја чинијата одозгора и со остар нож пресечете го вишокот тесто. Тоа премесете го и ставете го настрана.
Добиениот дел пресечете го на 8 дела, почнувајќи од средина, но не до крајот (види слика).
Секое пресечено парче префрлете го однопаку, пресечете го на половина, секој крај исучете го во спротивен правец и споете го.
Делот од тестото кое го тргнавте настрана, расучете го малку поголемо од сирењето, поделете го на 4 и формирајте цвет околу парчето сирење. Ставете го на средината.
Погачата премачкајте ја со јајце. Сирењето издупете го со вилушка на неколку места и прелијте го со смесата од мед, пипер и коњак.
Приклучете ја рерната на 180 степени и додека се загрее погачата малку ќе се одмори. Печете ја се додека убаво не зарумени.
Рецептот не е мој, го најдов на интернет блоговите, ама често го правам зашто е декоративна погача и вкусна. Се служи топла, па секој си крши парче и си го мачка со растопеното сирење.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани