Се замесува изедначено тесто од сите состојки (млекото и водата да бидат млаки ).
Се покрива и остава да стаса околу 20 минути. Тестото се дели на три дела и од секое развиваме кора која убаво ја премачкуваме со маргарин, па ја виткаме како ролат. Се сечат парчиња кои се редат во тркалезна тепсија намачкана со маргарин и се остава на топло уште дваесет минути. Погачата се посипува со сусам или ким и се пече на 220 -250 степени околу 25 или 30 минути во зависност од печката.

Името воденичар го ставив зашто рецептот го најдов токму на брашното. Инаку ова е мојата прва погача, среќна сум што ми успеа. Јас ја правев со половина од состојките, беше сосема доволна за 3 лица. На сликата остана пола

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови