Малку поинаква зеленчукова пита, со свеж вкус од сочните црвени домати и што е најбитно, бендисана од домашните.

1. Кромидот се сечка ситно, морковот се сечка на мали коцки и заедно се пржат 10-тина минути, се тргаат на страна.

2. Компирите се варат, подизладени се рендаат и им се додаваат испржениот кромид и морков. На ова се додава путерот, мешаниот сув зачин, ориганото, малку сол и пецивото. Се меша убаво со лажица.

3. Во смесата се ставаат 2 матени јајца и се меша, потоа се додаваат
6 лажици брашно и убаво се меша до изедначување.

4. Огноотпорната тава (18 см), се намастува и набрашнува, па се распоредува 1/2 од смесата. Доматите се мијат, се лупат и се сечат на кругови 7-8 см и се распоредуваат врз смесата. Се става малку магдонос (по желба може и малку оригано) и врз доматите се распоредува втората половина од компировата смеса.

5. Се посолува со сусам и се пече 20 минути на 200 степени и уште 20 минути на 180 степени.
Питата со компири и домати се сервира топла, а исто е вкусна и изладена.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани