Овие ролати налик се на фино лиснато тесто, со особено вкусен, а едноставен фил.
Погодни се затоа што се замрзнуваат непечени, па кога сакате можете да си ги испечете бидејќи веќе ќе ви бидат подготвени. Згодни за ненајавени гасти, како и за време на викенд кога сакаме да си поспиеме, а сепак треба нешто вкусно да се направи за доручек.

1. За филот прво ги матиме јајцата , со вилушка, па ги додаваме останатите состојки. Сирењето го рендаме. Промешуваме убаво.
2. Корите ги делиме на две половини, за два ролата.
3. На првата кора мачкаме масло, на втората ставаме од филот и го премачкуваме со четка. На секоја наредна ставаме од филот и на крај виткаме ролат. Така и со втората половина на корите. Двата ролата ги ставаме во замрзнувач 2-3 часа.
4. Јајцето убаво го матиме па додаваме јогурт.
5. Ролатите ги вадиме од замрзнувач и ги сечеме на парчиња со дебелина 2 см.
6. Секое парче го потопуваме од едната страна во смесата со јајце и јогурт и го редиме во тавче со потопената страна нагоре. Посипуваме сусам на секое ролатче.
7. Печеме во загреана рерна на 200 степени, додека да поруменат.

Забелешка
Користам Делимано голема тава за печење така да воопшто не ја подмачкувам. Ако сакате совршена форма на ролатите, бидејќи тие нараснуваат со печење печете ги на двапати во тавата. Јас моите сега ги печев наеднаш.
Инаку кога ќе ги пресечете на парчиња можете слободно да ги ставите повторно во замрзнувач и да ги печете кога ќе посакате, за домашните или за гости.

Пријатен Апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани