Ова јадење настанало за време на владеењето на династијата Чан, од страна на шефот на готвачите на Хунанската кујна на генералот Tso Tsung Tang.
Јадењево ја прославило кинеската кујна во Америка, а со самото тоа и на остатокот на светот.

1. Прва и најважна работа при подготовка на кинеската храна е што сите состојки треба да бидат подготвени однапред. Самото пржење трае некои 5 минути и нема време да се трча до фрижидер и да се сечка додека се готви.

2. Измијте го оризот и сварете го (јас користев долг ориз од кесичка и го подготвив според упатството).

3. Две парчиња пилешки гради се сечкаат на ситни парчиња со големина колку залак, се става 1 јајце, малку црн пипер и 1 лажица соја, сето се меша убаво и се трга настрана да се маринира.

4. Се подготвува сос од супа, кафеав шеќер, оцет, соја сос, сусамово масло, кечап и густин. Сето се меша со вилушка да се изедначи смесата и да се стопи шеќерот, се трга настрана.

5. Морковот се сечи на лентички, ѓумбирот исто така се сечи на ситни парчиња вдолж, лукот со ножот се смачкува па се сечи на ситно и младиот кромид се сечи на мали кругчиња (се остава малку за одозгора).

6. Маринираните пилешки залаци се валкаат едно по едно во брашно и се пржат 2-3 минути во сад со врело масло. Се внимава да не прегорат. Се вадат во сад со хартија да се впие маслото.

7. Во чиста тефлонска тава се става маку масло и најпрво се пржи морковот, па ѓумбирот, лукот и на крајот се става кромидот. Се пржи 2-3 минути, потоа се додава сосот и се меша цело време додека се згусни смесата.

8. Во згуснатиот сос се додава прженото пилешко, се меша убаво месото да се соедини со сосот и зеленчукот и на крај се посолува и изедначува со сусамот.

Се става врз сварениот ориз кој сме го ставиле во чинија, се наросува со малку кромид и се јади топло.
Како прилог може да се стави слатко-кисел сос (кој претходно го објавив) и тоа во блага или чили варијанта по желба.

Вкусот е прекрасен и не за џабе ова јадење е прифатено и прилагодено на вкусот на западниот човек.
Се надевам ќе ви се допадне.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани