пПребарувајки што има дома за денешниот ручек, а да ја ставиме и во предвид желбата да се испроба вок тавата на делимано произлезе овој рецепт.
Кромидот се сецка ситно и се пржи на оган, се додава морковот, па пилешките гради исецкани на ленти. Се пржи додека месото да добие малку боја. Потоа се додаваат печурките и пелатите исецкани. Се пропржува убаво, па се налева вода и се остава да се динста.Кога веке е при крај се додава кечапот и се остава уште малку на оган да се згусне. Се зачинува по желба, јас си ги ставив вообичаените зачини и ставив и сушено нане. Пилешкото си го сервирав со макарони.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани