Пилето го сечеме на парчиња. Во длабока тава ставаме масло и кога ќе се загре го ставаме месото го пржиме со превртување од двете страни околу 15 -20 мин. Го додаваме исецканиот кромид на коцки или кругови и додаваме сол пржиме околу 15 минути. Ги додаваме и доматите исецкани на коцки. Пржиме додека течноста од доматот делумно да испари и додаваме една чаша вода,  мешаме, ги додаваме и чешчињата, пробуваме повторно со солта додаваме и бибер. Кога малку водата ќе испари ги додаваме целите пиперки и магдоносот вариме додека да испари течноста делумно сосот треба да има и чорбичка да не се згуснува премногу.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови