Месото исечете го на коцки и испржете го во тава со загреано масло. Откако месото ќе се испржи додадете го мешаниот сув зачин и сол и бибер по вкус.
Во подлабок сад промешајте ја павлаката со 200-250 мл вода, сенфот и ориганото. Ставете ја смесата во тавата и оставете да прокрчка 5-10 мин, па потоа додадете го претходно изренданиот кашкавал и тргнете ја тавата од оган.

За подготовка на гарнирот исечете ги компирите на покрупни парчиња и ставете ги во тенџере со вода колку да се покријат и оставете да се варат. Откако ќе се сварат и водата половина испарила (доколку има останато многу вода може да истурите еден дел) додадете го путерот и зејтинот и мешајте постојано за компирите да не се залепат. Откако путерот ќе се стопи додадете го и младиот кромид исецкан на парчиња. Ставете го мешаниот сув зачин и сол и бибер по вкус и оставете да се поропржи уште 3-4 мин.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови