Се сечат на текни листови и добро се исчукува пилешкото месо.
Се наросува сол и кари. Во средината се реди топеното сирење и се витка како сарма, убаво да нема од каде да испадне топеното сирење.
Така завитканиот увијач се замотува во лентичка пушена сланина.На парче фолија се реди пилешкиот увијач и се замотува добро. Се повторува постапката и кај другите парчиња пилешки стек.
Вака спремни парчињата се редат на плех и се оставаат во затоплена рерна и се печат 40минути.
Отворете ја фолијата и оставете уште 5 минути да заруменат.
Имате спремно мевце, а вие изберете со што ќе го дополните во порцијата.Јас го сервирав со прженици и зеленчук, а вие спремете па кажете.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови