Најбрз, наједноставен начин на подготовка, а сепак многу вкусен.
Печурките се лупат и им се одстрануваат рачките. Во тава се загрева путерот, се редат печурките и се пржат околу 10 минути.Треба да се внимава да не се превртуваат и не се мешаат. При пржењето тие испуштаат свој сок и внатрешноста.
Оној дел каде што е извадена рачката се полни. Само се посолува и се редат на чинија за послужување.
Дршките-рачките од печурките се сецкаат поситно и се пржат на преостанатата мрснотија. Се додава брашното се пропржува па се налева со павлаката и водата. Се зачинува по вкус, а и количината на вода зависи дали сакате погуст или поредок сос. Значи прилагодете по свој вкус. Исто вака се подготвуваат и на скара.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани