Постојат толку разновидни начини на нејзино приготвување. Тиквата е шампион по содржина на железо, бакар и флуор, содржи калиум, калциум, манган, цинк. Богата е со пектини, шеќери, витамините С, Е, витамини од групата В, каротин. По содржината на каротин побогата е тиквата дури и од морковот. Освен тоа, тиквата е богата со прехранбените влакна кои лесно се усвојуваат од страна на организмот. И за крај, тиквата е мало калорична, А сега како се прави.
Тиквата се лупи, потоа се ренда и се става во тавче, се додава шеќерот и убаво се меша. Кој сака може и повеке шеќер да си додаде или да си намали се е во зависнот од блажината на тиквата. Јајцата убаво се матат и се додава млекото, со таа смеса се посипува врз ренданата тиква и се става да се пече 40 минути на 200 степени.
На здравје !!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови