Може да кажам едни од највкусните колачиња за периодот кој престои. Начинот на кој се прават исто така лесен. Млекото во прав, шеќерот и оревите ги мешам додавам рендана кора од портокал и сокот, на крај замесувам со 1 лажица марагрин ( путер ) и постепено ставам ако треба уште.

Топам 200 гр бело чоколадо на пареа и ги правам во силиконски калапчиња. Силиконските калапчиња се премачкуваат со четка, се оставаат во фрижидер да се стегнат и повторно се премачкуваат со белото чоколадо. Се полнат со смесата и се затвара горниот дел од колачето ( излегуваат околу 35 ).

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови