Оваа салата може да се користи како пред јадење, но и како додаток со ручекот. Многу брзо и лесно се прави, па е одличен избор за ненајавени гости.
1. Сусамот и сончогледот се печат во рерна 10 мин на 100 степени малку да зацрвенат, но да се внимава да не изгорат
2. Се оставаат да се изладат
3. Во длабок сад се мешаат павлаката, маслиновото масло и коријандерот
4. На крај се додаваат испечените семки, се меша да се соединат состојките
Се декорира со семки или по ваш избор. Јас овој пат ја декорирав со семки и малку зелено луто пиперче.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови