Супер лесни и вкусни палачинки кои можете да ги послужите со крем, мед, џем или свежо/замрзнато овошје

1. Во сад се ставаат 1 чаша брашно, 1 чаша млеко и 1 јајце и се мешаат со маталка.
2. Тавчето се премачкува со масло и се става од смесата. Палачинката се превртува од двете страни додека не добие убава боја.
Јас палачинките ги премачкав со мед, ги наросив со ленено семе и ставив неколку зрна аронија.

*Од овие состојки се добиваат 6-7 мали палачинки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани