Денес ќе ви пренесам дел од традицијата на нашите драги пријатели од Сараево - Муслимани, која е поврзана со нивниот празник Бајрам.
Најголемиот муслимански празник Бајрам, го карактеризираат многу стари обичаи и има големо значење за нивните верници, бидејќи верниците го имаат првиот ручек после постот, збогатен со мирисот на баклави, на шербет, на каранфилче, цимет, пити, долми...но неизбежна е и оваа Паклама.
Паклама е вид на млечен леб.
Мажите кога се враќаат од џамија на првото утро на Бајрам, купуваат од пекарите Паклама и го носат во домовите за среќа.
Јас дома ја месев и можам да ви кажам дека е фантастична по мекост, вкус...
Топло ви ја препорачувам за појадок.
Посебен мирис и дава Чурекутот- црн ким

Во вангличка се ставаат квасецот, шеќерот, млекото и 1 лажиче брашно.
Убаво се промешува.
Нека се активира 10 минути.
Во тоа се додаваат топлата вода, помешана со оцетот и маслото.
Се додава жолчката,солта.
Постепено се додава брашното и се меси. Нека биде намеко замесено.
Се остава да кисни 30 минути.
Потоа пак се размесува и кисни уште 15 минути.
Втасаното тесто се истура на набрашнета маса, се дели едн мал дел, кој ќе биде топка врз лебот, кој е и симболот на оваа Паклама.
Тестото е многу убаво, пука под рацете.
Сега во окгругла тава бр.26 се става топката тесто - поголемата, се премачкува со белка и во средината се става малото топче.
И тоа се премачкува со белка.
Се посипува со чурекот.
Се остава да кисни уште 10 минути и се печи на 200 степени околу 30 минути.
Испечена се остава на решетка да се излади.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани