1.Во длабок сад ставете ги сите состојки за тесто и од нив замесете многу меко тесто

2. Оставете го да стаса

3. Откако ќе стаса промешајте го и оставете го да стаса уште еднаш

4. Поделете го тестото на 2 дела и од секое направете топче и оставете ги да отстојат 10-15 минути

5. Од секое топче со раце развлечете долгнавеста кора, така што краевите да бидат подебели, а средината потенка(слично како пастрамајлија)

6. Нанесете од сланината и јајцата(сосема малку разматени)

7. Печете на 200 степени додека убаво поруменат.

8. Краевите на испечената пита премачкајте ги со малку сланина или маргарин и замотајте ги убаво во алуминиумска фолија за да омекнат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови