И после оправдано кратка пауза =) да ве почестам со една многу убава и вкусна тортичка која што верувам дека многу ќе ве потсети на познатиот ни Капри сладолед
Рецептот нормално го најдов на нет =) и бидејќи беше совршен немаше место за некои поголеми измени , освен што јас го правам со јагоди место со вишни и некои др ситни измени.

1.За кората најпрво јајцата се матат со шеќерот и им се додаваат водатa, брашното и прашокот за пециво. Oткако убаво се измати сето тоа се додаваат мешајќи со лажица какаото, циметот и мелените ореви или лешници. Се пече во загреана рерна на 200 степени окулу 10 минути и се остава да се излади додека се спрема овошниот фил.

2. Водата со шеќерот или медот се става на оган да зоврие и се додаваат двете кесички пудинг растворени со малку вода исто како за подготовка на пудинг и се варат 5 минути притоа постојано мешајќи додека не се добие густа и леплива смеса. Се трга од оган и во таа смеса енергично мешајќи им се додаваат претходно измиксираните јагоди во блендер. Откако убаво ќе се соедини желето веднаш се истура врз кората (сето ова се работи брзо бидејќи брзо се стврднува).
Ставете во фрижидер да се лади додека го припремате ванила кремот.

3. За ванила кремот од млекото тргнете 200 гр за да ги растворите пудинзите заедно со двете лажици густин(тие се додаваат за да не мора да додавате желатин,а за да кремот од ванила биде цврст и не се разлева). Остатокот од млекото ставете го со медот и ванила шеќерот на оган додека не почне да вари , тргнете и додадете ги пудинзите со постојано мешање вратете на оган и варете 5 мин додека не се свари пудингот. Тргнете го од оган и во врелиот пудинг одма ставете ја павлаката и промешајте убаво ,додадете и 1-2 лажички арома ,убаво измешајте и прелијте го кремот преку филот од јагоди и оставете го во фрижидер да се лади најмалку 2 часа.
Ванила кремот е течен и немојте да се збуните кога го прелевате преку тортата ќе си се зацрврсти со самото ладење

4. Прелевате со чоколадна глазура и декорирате по желба

Е сега најважното напомена
Калапот за тортата е број 26 - тркалезен нормално, можите и во помал со пречник 20 при тоа се знае состојките се делат на половина и пожелно е да имате калап наменет за торти на кој се отстранува обрачот бидејќи тортата е многууу висока и во спротивно ќе треба да импровизирате =)
Оригиналната верзија е со вишни и пудинг од малини и е навистина вкусна исто како капри, јас ја правев и така но и вака ми е некако повкусна бидејќи повеќе си сакам јагоди =) и вака исто потсеќа на капри сладолед
Пудинзите препорачувам да се од горенаведените фирми така добивате погуст и поцврст крем и не мора да додавате дополнително и желатин - проверено и овошјето може да биде и замрзнато ако немате свежо

Епа мислам дека доволно пишев ,се надевам ќе ви се допадне и ќе пробате да си направите , а што се однесува до сликите ве молам без замерки хехехе

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани