Кога имаш премногу киви во залиха мора да најдеш начин да ги искористиш, јас најдов еве вака. Ви текнува на оној легендарен колач со вишни посипан со шеќер во прав? Епа малтене истиот само со киви. Рецептот ми е од една Биле, можам да направам торта со 6 фила и 3 теста ама најпростиот рецепт за колач со вишни не го знам.

Се матат јајцата со шеќерот пенесто, се додаваат прво течните состојки па после сувите и се меша со шпатула да нема грутки. Во тавче обложено со хартија се истура тестото и се наросува со боровинките, нормално по желба, може и не мора да ги има. Врз нив се редат кивите да ја покрие целата површина. Се пече на 220 степени 15тина минути, се намалува на 200 или помалку и се покрива со парче хартија за печење за да не изгоре а да се испече таман. Се проверува со чачкалица и додека не се исуши се пече. Отприлика печењето кај мене трае 15 минути + 15 минути. На крај се сече на коцки и се посипува со шеќер во прав.
Чаша 200мл

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови