Многу брза, лесна и вкусна торта. Ние дома ја обожаваме комплетно и е дел од честите десерти, па дури и за родендени повеќе од 15 години наназад.
Слатката павлака се мати со пола од шеќерот. Во посебен сад кремасто се матат јајцата со останатиот шеќер. На крај се додава нескафето и се мати додека се растопи. Оваа смеса се додава на изматената слатка павлака и се мати додека добро се измеша.
Секоја бисквита на секунда ја потопуваме во ладно млеко, во кое по желба може да се додаде и малку арома на рум и правиме прв ред, па премачуваме од филот. Така се прават 3-4 реда, ред бисквити-ред фил. Готовата торта ја наросуваме со рендана чоколада или чоколадни трошки и ја оставаме да преноќи во фрижидер.
Се сечи на коцки и се ужива во вкусот )))
Оригиналнот рецепт е со дупла доза од наведените и треба уште и 250 гр маргарин. Но, искуството и години наназат правејќи ја и согласно јас и конзументите, маргарин не користиме. Маргаринот минимално ја прави потешка за конзумација, а служи за повеќе да се уцврсти филот. Но, и без него филот ако добро се измати (јајцата да се пресни и пред употреба да биле одстоени на собна температура, најмалку 2 часа), маргаринот и воопшто не треба. Зошто не е напишан рецептот во оригинал? Затоа што, е многу издашен и пола доза ќе ви е доволна, доколку не се решите да ја правите за поголем број на луге.
Ви посакувам слатко уживање!
Ви препорачуваме во подготовката на овој рецепт да употребите Делимано Ростер ; Касерола

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани