Брза тортичка за која нема да ви треба печење, само миксер и околу 40 минути подготовка.
Најпрво сварете ги пудинзите.
Двата пудинзи од чоколадо сварете ги со 500мл.млеко и 100гр.шеќер и потоа додадете го и чоколадото и румот. Оставете ги да се изладат.

Двата пудинзи од ванила сварете ги со останатото млеко и шеќерот и оставете ги да се изладат и потоа додадете го и кокосовото брашно.
Маргаринот поделете го на половина и по 100 гр,ставете во секој изладен пудинг, убаво изматете да се добие хомогена смеса.
Започнете со редење. Секоја бисквита натопете ја во млекото и наредете еден ред. Над бисквитите ставете половина црн фил, пак наредете натопени бисквити, половина бел фил, пак бисквити, црн фил, бисквити и бел фил.
За премачкување на цела тортичка мене ми остана од црниот фил и ја премачкав со него,ако не ви остани ставете шлаг или нешто по ваш вкус. Горе нарендајте чокладо и оставете во фрижидер убаво да се здрви.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови