Подготовка на кората
Чоколадото се топи и му се додава малку по малку од млекото добро да се измеша и потоа се додаваат бисквитите.
Треба да се добие смеса, која не е многу сува, но исто така да се пази и да не е мека. Тоа ќе го регулирате со +/- 10% од млекото. (Во зависност од составот на бисквитите и маргаринот, но јас лично би додала најмалку +10).
Во малку намастен тркалезен калап со пречник од 22 см, убаво се плеска кората, добро да се израмни.

Подготовка на слојот од кикиритки
Маргаринот се топи. Се додава на мелените кикиритки и шеќерот на крај постепено се додава млекото. Сето убаво се измешува. Ќе се добие смеса со густина на мармалад.
Оваа смеса ја ставама во калапот над подлогата и убаво измазнуваме. Калапот го оставаме во фрижидер да се лади некаде околу 30 мин, додека го подготвуваме карамел филот.

Подготовка на карамел кремот
Од пудингот, млекото и 5те лажици шеќер вариме пудинг. Пудингот се раствора со дел од млекото и 1 лаж. од шеќерот.
Потоа, додека пудингот се лади, омекнатиот маргарин и шеќерот-прав пенесто се матат и постепено продолжувајќи со матењето се додава (лажиче по лажиче) од оладениот пудинг. Смесата ја покриваме со целофан или повремено ја мешаме за да не фати кора. Така изладена ја премачкуваме како трет слој, над слојот со кикиритки.
Калапот со тортата повторно го ставаме во фрижидер за да се стегни добро и оваа смеса, некаде околу 3 часа. Јас ја ставив во замрзнувач некаде пола час, па потоа слободно може над неа да се нанеси и глазурата.

Подготовка на глазурата
150 гр хопла (спороред мене можи да се намали и до 120) и какаото добро се мешаат со жица за матење (да не останат грутчиња). Потоа се загреваат до вриење и се оставаат така да вријат 2 минути со непрекинато мешање.
Чоколадото се топи на пареа или во микробранова и му се додава на загреаната хопла. Се трга од оган и му се додава медот и стопената чокоада и веднаш се нанесува на оладената торта.
Тортата ја оставаме повторно во фрижидер, за добро да се стегни. Потоа ја украсуваме по желба и ја сечиме на парчиња. Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови