Декоративни, вкусни, бели коцки

Прво во вангличка се ставаат одвоените белки и се матат со миксер.
постепено се додава шеќерот.
Се мати смесата да биде густа и сјајна.
Се исклучува миксерот, па се додаваат на долж сечени ореви и урми и брашното.
Убаво сето се промешува и смесата се истура во мала ростер тава и се пече околу 10-12 минути на 170 степени.
Се остава да се излади.
Во касерола на оган се ставаат млекото, шеќерот, густинот, жолчките.
Се вари на тивко додека не се згусни.
Се остава да се излади.
На страна се мати путерот.
Кога кремот е млак се додава изматениот путер.
Сега се мати шлагот со млекото.
Две лажици од изматениот шлаг се става во филот.
Убаво се промешува.
Испечената кора убаво се премачкува со филот.
Врз филот се нанесува остатокот од шлагот и се декорира со чоколадни трошки.
После 2 часа стоење во фрижидер, се сече на коцки и може да се послужи и да се ужива во убавиот вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани