Месото измиено и исечено на поголеми парчиња го ставаме или во огноодпорен сад или пак во обично тавче со алуминиумска фолија, предходно зачинуваме со сол, бибер, рузмарин, сушен зачин и виното или пивото. Ако е многу посно месото додаваме малку масло. Го ставаме да се пече околку час и пол, од кои пола време ако го печем со алуминиумска фолија го откриваме.

Компирите исто така ги сечеме на покрупно и нив ги ставаме во тавче, ги зачинуваме лесно според овај рецепт само со сол и буковска пипер. Малку масло ставаме ги мешаме и ги поклопуваме со фолија и нив пола време ги печеме покриени, потоа ги откриваме да фатат коричка.

Печурките ги пржиме на малку масло потоа кога се готови додаваме една лажица сусам, една лажица брашно, малку запржуваме и додаваме вода попотреба. Потоа сол, и зачини по вкус тука може и оригано. На крај кога е готово додаваме и лажица кислеа павлака.

Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови