Решив да правам енергетски колачиња, па ми дојде идеја да ги украсам и да им бидат поинтересни на децата дома.

1. Лешниците ги мелеме на машинка за мелење ореви. Ги додаваме урмите, кои сме ги излупиле и сме им ги отстраниле семките (колку може да се излупат). Ја соединуваме смесата. Ако има потреба, додаваме засладувач, јас користев мед. Соединувањето може да се прави со рака, ама и во блендер. Ја расплескуваме смесата.
2. Индиските ореви исто така ги мелеме. Додаваме кокос и кокосов путер, а и засладувач. Јас користев мед и во овој случај. Мешаме со рака или блендираме. Смесата ја расплескуваме врз смесата со лешници. Оставаме во фрижидер да се стегне.
3. Со помош на калапчето за јајце, од Делимано калапчињата, вадиме јајца и ги украсуваме по желба со сечкано суво овошје (суви кајсии, брусница, кора од цитрон, чоколадни трошки и топчиња, бадем листови ...)

Забелешка
Од оваа смеса излегоа 15 јајца колачиња.
Доколку ви е смесата сува додавате мед или агаве сируп.
Користев непечени лешници и индиски ореви.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани