Најпрво, ставете го оризот во зовриена вода да вари 15ина мин. , а потоа исцедете го. Компирите излупени, исечете ги на кругови.

Ситно исцканиот кромид и 1 страк праз се пропржуваат во поголема тава на масло. Се додава меленото месо и се пржи додека течноста не испари, па се додава оризот, кој кратко заедно го пропржуваме и на крај доматниот сос и зачините. По околу 5 мин., кога смесата ќе стани компактна, се трга од оган.
Во подмастена тава се редат круговите компир, врз неа се нанесува филот со мелено месо и ориз, а над филот кој сака го сака вкусот на праз, се нанесува ситно сецкан 2 страк праз и одозгора повторно се редат кругови компири. Се налева 1 шолја вода (250 мл) и се става во загреана рерна од 220С да се печи 15на минути.

Во меѓувреме со жица се матат јајцата и во нив се вмешува јогуртот и на крај се додава малку сол.
Ја вадиме тавата од рерна и ја преливаме со оваа смеса и повторно вракаме во рерна. Печиме уште 15 мин на 200С, односно додека одозгора не се фати убава печена коричка.
По желба, одозгора можи исто така и да се нанеси рендан кашкавал.

*** Енибар е моето најново откритие на тема зачини. За него најдобро знаат прилепчани, а јас и од таму го купив. Дава една посебна арома на месото, подготвено во било која варијанта, а особено е тајна состојка за уникатниот вкус на прилепскиот ширден. Зачинот има многу силна миризба и од него е доволно да се стави многу мала количина, во спротивно нема да можи да се јади. Доколку решите да спремите мусака по овој рецепт, наместо енибар, додадете црн бибер како мој предлог. Црниот бибер сфатете го како предолг, а не како негова замена.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани