1. Кромидот и морковот се сечка на ситни парчиња и се пропржува на масло. Се додава меленото месо и тоа убаво се упржува. Лукчето го сечкаме на ситно и го ставаме при крај на пржењето заедно со зачините и ситно сечканиот магдонос.
2. Модриот патлиџан го лупиме и го сечеме на ленти со дебелина од 2 см. Го бланшираме кратко време во посолена вода да омекне и да му излезе горчината.
3. Во огноотпорен сад или тава по желба која ја намрсуваме, ставаме половина од лентите модар патлиџан. Врз нив го ставаме меленото месо, па вториот дел од лентите. На крај залеваме со кисела павлака во која сме ги разматиле јајцата.
4. Рендаме кашкавал одозгора.
5. Печеме со капак во рерна на 200 степени. При крај го отвораме капакот да ни се поцрвени ручекот и да испари вишокот течност.
5. Кратко го ладиме и сервираме со лажичка пармезан.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани