Се сецка лебот на мали коцки за крутоните и се става во тава за пржење, се додава масло и вегета во мојот случај, така ни беше повкусно, а може и сол наместо вегета, и се пржат крутоните, не да изгорат туку да добијат боја само.
Стекот исто така се сече на коцки, се зачинува по вкус и се пржи.
Златната мешавина се вари.
Марулата убаво се мие и се сецка, исто така у ротквиците и се зачинуваат со масло и сол.
Во чинија се става прво марулата, па ротквиците, па се става од златната мешавина, па малку рендан кашкавал, ептен малку тартар сос( јас користев купечки), па се нанесуваат стекот и крутоните. Одозгора нанесете го изренданиот кашкавал и нанесете од тартар сосот. Декорирајте со кругчиња краставици и домати.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови