Не знам зошто ама овие едноставни кекси кај нас дома секогаш се на прво место и ги сакаат сите од најголемо до најмало. Во комбинација со кафе, чај или млеко мене ми се полн погодок. Ние направивме една млечна варијанта од кексов и испадна ептен добар еве вака оди постапката

Во сад за матење го ставаме омекнатиот путер со шеќерот и јајцата и матиме додека смесата не добие светло жолта боја. Во така изматената смеса го додаваме млекото и прстофат сол. Во друг сад на страна ги составуваме сите суви елементи (брашно, какао, пециво, ванила, 80гр рендано чоколадо) и убаво ги промешуваме.

Полека ги додаваме во течната смеса и мешаме додека не добиеме убава хомогена смеса, која ја истураме во долгнавеста модла за печење. По желба може да си ги печете и како мафини, ( јас немав баш време). Смесата е доволна за силиконската модла за векни на Делимано. Од горе врз колачот ги наросуваме преостанатите 20 гр рендано чоколадо и печеме 25-30 мин на 200 степени.

Совет- Ако ви гори кексот 10 мин пред крај на печењето покријте го со алуминиумска фолија. Кога е печен посипете го со шеќер во прав

Убав и чоколаден, прсти да изедеш. На здравје нека е

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови