Рецептот за колачот го најдов во списание и не можев да одолеам на ова искушение, веднаш заглавив во кујна. Навистина е вкусен и посебно сочен, со голем слој на какао прелив од горе и арома на портокал. Подготовката оди вака

1. Во сад за матење ставете го омекнатиот путер со шеќерот и ванилиниот шеќер и матете со миксер додека не се изедначат. Додајте ги јајцата и повторно матете.

2. На страна изрендајте го чоколадото и соединете го брашното со пецивото. И сувите состојки додајте ги во изматените јајца и путер. Тестото ќе ви изгледа малку погусто ама така треба. Со лажица убаво нанесете го во тава за печење. Мојата беше 26 см. и печете околу 30 мин на 180 степени.

3. Печениот колач оставете го да се олади. Во меѓувреме подгответе го шербетот. Во сад на оган ставете да се вари шербет од шеќерот и водата. Додајте исцеден сок од еден портокал и ренданата кора. Печеното тесто изгледа доста тврдо, избоцкајте го на неколку места и преливајте постепено со врел шербетот. Мене ми изгледаше на почеток многу шербет ама постепено целото тесто со прими за кратко време.

4. На крај подгответе го какао преливот. Во сад на оган ставете вода, какао и шеќер да проврие. Додајте го путерот и 2 лажици густин. Мешајте со жица додека не добиете густа смеса како пудинг. Истурете го врз колачот и оставете да се излади и стегне.

На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови