Нестрплива бев да го пробам новиот калап за мафини од Делимано па ги направив овие брзи, сочни, меки мафини и бев презадоволна и од калапот и од мафините.
Се матат јајцата со шеќерот убаво. Се додава маргаринот, млекото и на крај брашното, пецивото, румот и чоколадните капки. Од смесата се става во калап за мафини и се печат во загреана рерна на 200 степени околу 15-20мин (пазете да не ги препечите бидејки ќе бидат суви)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови