Ако ги имате сите состојки, подготовката е многу едноставна, а сендвичот е превкусен. Единствено што треба е малку да ги потпржите кобасичките. Оригиналниот рецепт се прави со шпанска кобасица чоризо, ама во наши услови може да се употреби и некоја квалитетна домашна кобасица.

Значи лепчето се сече на половина и едната половина се мачка со песто. Потоа се реди моцарела, парчиња кобасица, рукола, пармезан и сушени домати.
Е сега на ова фали уште едно ладно, ѕидарско...не е од медитеранот ама одлично се вклопува во комбинацијава

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови