Загрејте ја рерната на 220°Ц. Подгответе си тава со калапи за мафини или пак форми во кои можете да печете. Премачкајте ги калапите со малку путер или маргарин.
Во длабок сад ставете го путерот, исечкан на парчиња и чоколадото за готвење искршено на коцки. Потребно е да го растопите путерот за да може во него да се растопи и чоколадото. Ако имате микробранова печка, ставете ги заедно во неа додека не се стопи путерот, а потоа со мешање постепено растопете го во него и чоколадото. Другата опција е да ги ставите во тенџере на тивок оган додека не се растопи путерот, а потоа да го тргнете тенџерето од огнот и да мешате додека не се растопи и чоколадото.
Во течната смеса од чоколадо и путер додајте го шеќерот и мешајте додека смесата не се изедначи. Потоа, додајте ги јајцата и жолчките и матете додека не добиете хомогена смеса. На крајот постепено додајте го брашното и добро промешајте за да нема грутки.
Во блендер ги блендирте сецканите јагоди и ги додавате во смесата, мешате додека смесата не се соедини.
Во секој калап ставете од смесата, но не ги полнете калапите догоре. Добро е да ги наполните околу ¾ од нивната висина. Кога ќе ја ставете смесата во калпите ставате и парчиња сецкани јагоди (тоа е по желба, дали ќе ставите сецкано овошје) и ставате да се печат од 15-20 минути, додека смесата не се испече и не стане цврста.
Потоа, во друг сад ја ставаме слатката павлака, мешаме додека не се претвори во шлаг. Додека, пак во друг сад растопуваме бело чоколадо и ја додаваме црвената боја за храна, за чоколадото да добие црвенкаста боја.
Ги вадиме од рерна мафините и пола од нив се декорираат со шлаг и наросуваме кокосов прашок врз шлагот, а другата половина ги декорираме со чоколадото и врз него наросуваме кокосов прашок.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови