Еден од моите омилени американски благи лебови кој го имам модифицирано и најчесто го правам во форма на мафини. Оригиналниот рецепт е од жената која ми беше мајка во семејството во кое ја поминав завршната година во гимназија. Мама Трина (Катрина) велеше дека тоа бил мудриот начин како на децата да им подметне да јадат зеленчуци. Се сетив на нејзината мисла кога другарчето на ќерка ми, кое одбива многу видови на храна, со сласт си го изеде и неговиот и нејзиниот дел спакуван за нивното претпладновно дружење. Многу се изнарадував и затоа еве го рецептот за да може мајка му редовно да му прави мафини, или едноставно благ леб од тиквички.
1. Во сад измешајте ги брашното, солта, прашокот за пециво, сода бикарбоната и циметот.
2. Во друг сад изматете ги јајцата, маслото и шеќерот (не мора да користите миксер) и постепено додавајте ги сувите сотојки. Кога смесата ќе се изедначи, додадете ги ренданите тиквички.
3. Истурете во калап за леб, корпички за мафини или во обично тавче.
4. Печете на 180 степени.

За посна/веганска варијанта или за луѓе алергични на јајца, можете да користите пасирани банани наместо јајца. Половина шоља пасирана банана е замена за едно јајце. Сум правела и вака, но и со сецкани ореви и со бадеми.

*Шољата е од 200 мил

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови