Растопете го маргаринот во млекото и оставете го малку да подизлади.
Изматете ги јајцата со шеќерот, па додадете го растопениот маргарин, брашното, нишестето и пецивото.
Наполнете ги калапите за мафини 2/3 со смесата.

Изблендирајте ги јаболката, предходно излупени, во пире. Во зависност од киселоста и желбата за блажина додајте шеќер во прав, а спрема вкус мелен цимет.
Ставете врз секој наполнет калап по една полна лажица од јаболковото пире.

Печете 10 мин во загреана рерна од 220С. Откако ќе изладат, одозгора по желба посипете ги со шеќер во прав измашан со цимет.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови