Мафини
Јајца изматете со шеќер, додајте млеко, маргарин, брашно и пециво. Убаво размешајте го тестото и ставете го во калапчиња за мафини. Печете во загреана рерна на 200 степени.

Крем
Половина од млекото ставете го да зоврие. Во останато млеко додајте брашно, шеќер, ванила и размешајте убаво. Сипете во зовриено млеко и мешајте додека не згусне.
Маргаринот изматете го со шеќер во прав. Додадете го оладениот крем и се убаво изматете.

Од бело и црно чоколадо направете уши,нос и мустаки.
Мафините украсете ги со крем и ставете ги ушите, носот и мустаките. Зајко е готов!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани