Јас со овие состојки ја правев манџата во мало тепсивче, а нормално во зависност од големината на тепсија ке се зголеми и количината на состојките. Ги сецкаме компирите, кромидот и месото на коцки.
Најпрво го пропржуваме кромидот, па потоа ги додаваме компирите, и месото исецкани на ситни парченца, (ако ставаме суви пиперки се ставаат цели, откако ке се тури водата на крај) и оризот и се заедно пржиме некоја минута. Потоа го додаваме црвениот пипер, зачинот, ставаме и топла вода и ја ставаме во загреана рерна, на 200 степени да се готви, околу 20на минути.
Многу евтина, лесна и многу убава манџичка

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови