Се сецка компирот и морковот на парчиња и се ставаат во тенџере да се варат. Варете ги половина час, па додадете го измиен и исчистен прокељот и варете само 5 минути. Тргнете го ненџерето на страна.
Во тава испржете го местото и кромидот. Во огноотпорен сад ставете го компирот и другите состојки заедно со водата( ако треба додадете вода треба да биде покриен зеленчукот) и додадете го месото.
Зачинете и ставете на 230 С да се пече. Кога ќе поцрвене додадете ја хоплата и продолжете да печете додека не се фати коричка од хоплата. Се надевам дека ќе ви се допадне ова јадење.
Добар апетит

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови