Оваа прекрасна зимница со години ја подготвуваме со сестра ми.
Правиме без лути, па со 1 кгр лути пиперки, па со 2 кгр...
Се со цел да ги задоволиме вкусовите на нашите најмили.
Лесно е за работа и излегуваат околу 10 тегли од оваа доза малиџано.

Најпрво измиените пиперки и црни домати се печат.
Се лупат убаво, се остсрануваат семките и се ставаат во ѓергев преку ноќ да се исцедат.
Наредното утро се мелат на машина за месо или во процесор.
На дното на голема шерпа се става околу 200 мл од маслото и се става целата сомелена смеса, па се става на оган да се пржи со постојано мешање.
Постепено за време на пржењето се додава маслото.
Црниот домат постепено си го пие.
Се додаваат сол, шеќер, оцет.
Пред самиот крај се додава сенфот.
Се пржи околу 2 -2,30 часа.
Врелото малиџано се збира во врели тегли, се завиткуваат во волнено дипле и наредниот ден се редат на рафт со другата зимница.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани