Сакате декоративен и вкусен доручек, е па повелете рецепт.

1. Во еден сад ставаме млако млеко, кисела вода, масло, брашно, квасец, шеќерот и солта. Промешуваме и чекаме 15 минути да се активира смесата.
2. Корите ги отвараме и почнуваме со премачкување. Редиме по 5-6 кори, во зависност колку сакаме да ни бидат дебели ролатите кога ќе ги пресечеме. На секоја кора ставаме со силиконска четка од подготвената смеса т.е премачкуваме. На третата кора рендаме сирење по целата површина.
3. Продолжуваме до петтата кора, на почетокот редиме виршли и мотаме ролат. Го сечеме на парчиња со дебелина од 2-3 см. Секое парче го редиме на тавче со хартија за печење или на намрсена тава.
4. Посипуваме сусам и ги печеме на 200 степени во загреана рерна.

Забелешка
Сакав различна ширина на ролатите, па некаде ставав по три кори, некаде по пет, а вие како ви е желба. Кога ќе се извадат од рерна се баш како лиснати жу-жу погачици со крцкава структура. Утредента омекнуваат, ама пак се лиснати. Гледајте да ви стаса од смесата со брашно за премачкување на сите кори.

Пријатен апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани