Квасецот се растопува со една чаша млеко, 1 лажица шеќер и се остава да стаса 5 минути. Потоа во длабок сад се додава стасаниот квасец, пецивото, останатото млеко, кисело млеко, маслото,3 цели јајца и 3 белки (3 жолчки се оставаат за премачкување) 2 лажици сол и убаво се промешува. На крај се додава и брашното и се замесува меко тесто.
Тестото не се стасува туку веднаш се дели на 10 колачиња. Секое колаче се расукува во форма на правоаголник и се премачкува со 1/10 од маргаринот (маргаринот се дели на 10 дела) и се преклопува на третина од расуканата кора, повторно се преклопува, па се премачкува уште еднаш и пак се преклопува. Постапката се повторува со сите колачиња. Веднаш се ставаат во замрзнувач да стојат околу 30 минути. Потоа секое тесто се расукува повторно во форма на павоаголник и се сечат триаголници. Се замотуваат кифличките и секоја кифличка се сече на половина. Вака добиените кифлички се редат во подмачкано плекче ( на плекчето посолуваме сол за да бидат кифличките посолени и повкусни), се премачкуваат со жолчки и се посипуваат со сусам или бело афионско семе. Се остава да стасат околу 30 минути и се печат 25 минути на 180-200 степени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови