Сомелете ги лешниците и бисквитите. Јас ги мелам во блендер и ги оставам малку да се чувствуваат парченца. На оган стопете го путерот (маргаринот) со малку вода колку да може да се замеси тестото од бисквитите и лешникот. Замесете тесто и поделете го на два дела. Едниот дел треба да биде повеќе околу 2/3 од целото тесто.
Чоколадото растопете го, посебно белото, посебно црното. Во поголемиот дел од тестото додадете ги сецканите кајсии и белото чоколадо. Добро измешајте со лажица, а потоа со рака, но не долго, бидејки лешникот и чоколадото ќе пуштата мрснотија. Во другиот дел од тестото додадете го црното чоколадо. Повторетеја постапката за месење, прво со лажица, а потоа малку со рака.
Од црното тесто формирајте топчиње со големина колку поголем лешник, оставте ги да се изладат добро. Може неколку минути до фрижидер(околу 15-20 мин).
Од белата смеса кинете и расплескувајте на дланката, не многу тенко, па завиткајте го црното топче формирајки бомбица. Оставете ги убаво да се излладат.
На пареа растопете го чоколадото (дали ќе биде бело или црно оставам по ваша желба). Секое колаче прелијте го со чоколадо и оставте да се стегне чоколадото.
Исшарајте со спротивно од прелиеното чоколадо-ако се бели бомбиците шарете со црно чоколадо и обратно.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално