Еве една интересна и лесна идеја како да го искористите бајатиот леб.

1. Во длабок сад се става лебот изситнет на парчиња.
2. На страна, ги кршиме трите јајца и ги делиме белките од жолчките. Белките ги ставаме во посебен сад, а жолчките во садот со лебот.
3. Во садот кадешто се лебот и жолчките ги додаваме саламата и кашкавалот (изрендани), киселото млеко, солта, ориганото и биберот.
4. Смесата убаво се меша, и ако сметате дека не е доволно густа, додадете лебни трошки.
5. Откако ќе ја добиете саканата густина на смесата, почнете да оформување крокети (во форма на топчиња).
6. Потоа, секоја крокета натопете ја во садот со белките а потоа во лебни трошки.
Постапката повторете ја со сите крокети.
7. Откако ќе завршите со претходно наведената постапка, започнете со пржење.
8. Пржете ги крокетите на добро загреано масло (зејтин).
9. Откако ќе се испржат (заруменат) редете ги во сад во кој претходно ќе ставите салфетка (за да се впие маснотијата).
Од оваа доза се добиваат околу 30тина крокети.

Навистина ова е еден доста брз и евтин рецепт! Пробајте го доколку ви се допадна!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови