5 белки се матат со 5 лажици шеќер додека да се стопи шеќерот, се додаваат 2 жолчки и повторно се мати со миксер.  Потоа се додава брашно, пециво и какао и се меша со лажица, да стане изедначено. Се става во правоаголна тава (големина колку рерната) претходно обложена со хартија за печење, се пече на 200 степени, околу 30 минути. Кога ќе се испече тестото, се отстранува хартијата за печење и повторно се враќа во истата тава.
Во меѓувреме се прави шербетот - 200 мл вода и 200 гр шекер да зовријат и веднаш се тргнуваат на страна. Со врелиот шербет се полева испеченото тесто (додека е жешко). Пожелно е тестото да се избоде со вилушка на повеќе места, за да прими повеќе од течноста.
Крем - 9 лажици шекер, 6 лажици густин, 3 ванили и 200 грама млеко сето се меша добро (со жица за матење). Се става 400 грама млеко да зоврие и во него се додаваат претходно измешаните состојки. Сето се вари на тивок оган (како пудинг) додека да згусне. Доколку се прават грутки се мати со миксер. Се остава смесата да се олади. Посебно се мати 250 гр путер со 3-те преостанати жолчки и ова се меша со ладниот крем. Со овој крем се премачкува тестото.
Глазура - 100 гр чоколадо, 2 лажици шекер, 3 лажици вода и 50 гр путер се ставаат на тивок оган, да се растопат состојките. Со оваа глазура се премачкува претходно оладениот крем.
Колачот се остава да се олади неколку часа, потоа се сече на коцки.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови