Се сецка кромидот и се пропржува на загреано масло заедно со исецканите шампињони, па се додаваат црниот бибер и мешаниот зачин. Откако ќе омекне кромидот се додава меленото месо и малку се продинстува во тавата. Се додава црвениот пипер, се промешува и веднаш се додава изрендан или исецкан свежиот излупен домат, па уште еднаш се остава да прокрчка малку. Откако ќе се отстрани од ринглата се додава доматното пире и повеќе од половина од солената павлака за готвење.
Во намастена правоаголна тава се редат корите лазањи, изрендан кашкавал, дел од готовата смеса од мелено месо и на крајот ленти сланина. Така се редат сите кори лазањи до крај и се завршува со уште еден ред кори, па се посипува со рендан кашкавал. Со остатокот солена павлака што остана од пакувањето и неколку резанки сланина. Се покрива тавчето со фолија и се остава во загреана рерна на 180 степени целзиусови околу 60 минути. Потоа се отстранува фолијата и се остава на 200 до 220 степени да испари сета вода и да се запече горниот слој од специјалитетот. Се консумира со секаков тип вино. Пријатен ручек.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови